Иран ги обвини САД за мешање во внатрешните работи

04.01.2018 15:48

„Вашингтон со безброј пораки на Твитер ги поттикна иранците на насилничко однесување, со што го прекрши меѓународното право“, се вели во документот.

Во писмо до Обедиентите нации, Иран ги обвини САД за мешање во внатрешните работи. „Вашингтон со безброј пораки на Твитер ги поттикна иранците на насилничко однесување, со што го прекрши меѓународното право“, се вели во документот.

Во шестдневните антивладини протести, кои од мирни демонстрации против поскапувањето на основните животни производи прераснаа во насилство, загинаа дваесетина луѓе.