Обединети нации
Вонредна седница на Советот за безбедност за состојбата во Иран
05.01.2018 10:15
Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, претходно рече дека САД покренале иницијатива во седиштата на ОН во Њујорк и во Женева, да се одржи дебата за ситуацијата во Иран.

Советот за безбедност на Обединетите нации на барање на САД ќе одржи вонредна седница во знак на поддршка на антивладините протести на Иран. Земјите- членки се со поделени мислења за протестите во Иран, во кои загинаа најмалу 21 лице, а над 450 беа уапсени.
Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, претходно рече дека САД покренале иницијатива во седиштата на ОН во Њујорк и во Женева, да се одржи дебата за ситуацијата во Иран.
Таа ги поддржа демонстрантите, истакнувајќи дека ОН мора јавно да го изнесе своето мислење и да ги поддржи протестите.
