Денеска одлука за екстрадиција за Грујевски и Бошкоски

05.01.2018 09:23

Одлуката требаше да биде соопштена на 22-ри декември, но тогаш во судот немаше преведувач од грчки на македонски јазик.

Судот во Солун денеска треба да ја соопшти одлуката дали ќе бидат екстрадирани ексразузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција. Одлуката требаше да биде соопштена на 22-ри декември, но тогаш во судот немаше преведувач од грчки на македонски јазик.

Претходно, двајцата побараа азил во Грција, со образложение дека се плашат за своите животи и дека сметаат оти нема да имаат фер судење. Според грчките закони, тие имаат право на жалба до Врховниот суд во Атина.

По Грујевски и Бошкоски беше распишана меѓународна потерница, а беа уапсени на аеродромот во Солун, кога со лажни бугарски пасоши се обиделе да заминат во Будимпешта.

Против нив се водат судски процеси за фалсификување патни исправи и за поднесеното барање за азил.