Ердоган во посета на Франција

05.01.2018 10:54

Посетата се случува во време кога од Анкара доаѓаат сигнали за подготвеност за подобрување на односите со Европската унија, по тензиите и меѓусебните обвинувања во текот на минатата година.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е во посета на Париз, каде што ќе има средба со шефот на француската држава Емануел Макрон. Посетата се случува во време кога од Анкара доаѓаат сигнали за подготвеност за подобрување на односите со Европската унија, по тензиите и меѓусебните обвинувања во текот на минатата година.

Се очекува на средбата да стане збор за билатералната соработка и за регионални теми, пред сѐ за конфликтот во Сирија и за прашањето за статусот на Ерусалим, по одлуката на САД за негово признавање како главен град на Израел.

Односите меѓу Турција и ЕУ се влошија по серијата мерки што ги презедоа турските власти по несушелниот обид за пуч, што од западните земји беше оценето како масовни чистки на неистомислениците.