Следната недела преговори меѓу Сеул и Пјонгјанг
Една од темите на разговор ќе биде можноста спортисти од Северна Кореја да учествуваат на Зимските олимписки игри што ќе се одржат следниот месец во јужнокорејското место Пјеонгчанг.

Севернокорејските власти се согласија преговорите со Јужна Кореја да почнат на 9-ти јануари. Одговорот доаѓа откако Јужна Кореја побара продолжување на преговорите, кои треба да се одржат во демилитаризираната зона меѓу двете држави.
Една од темите на разговор ќе биде можноста спортисти од Северна Кореја да учествуваат на Зимските олимписки игри што ќе се одржат следниот месец во јужнокорејското место Пјеонгчанг.
Американскиот претседател Трамп ја поздрави најавата за почнување на преговори меѓу двете кореи и потенцираше дека тоа е резултат на „неговиот интензивен притисок“ врз властите на Северна Кореја.
