Снегот во САД ја однесе првата жртва

05.01.2018 12:05

Едно лице загина во сообраќајна несреќа предизвикана од лошите временски услови на патиштата.

Снежната бура во областа на источниот брег на САД ја зеде првата жртва. Едно лице загина во сообраќајна несреќа предизвикана од лошите временски услови на патиштата. Повеќе од 100.000 луѓе останаа без електрична енергија, а откажани се и околу 5.000 летови на аеродромите.

Во Канада повеќе од 85.000 домаќинства во источната провинција Нова Шкотска минатата ноќ немале електрична енергија. Поголемиот дел од летовите до и од локалниот аеродром беа откажани.