Реванш за злато
Женската репрезентација на Канада го освои златниот медал во карлинг, откако во финалето со 6-3 ја совлада селекцијата на Шведска. Канада по 8-от енд веќе водеше со 5-3, го доби и 9-от со 2-0, па беше беспредметно да се игра завршниот, десети енд. По среброто во Ванкувер пред 4 години по поразот токму од Шведска ,канаѓанките се реваншираа и стигнаа до второто олимписко злато откако беа најдобри и на првиот олимписки турнир во карлинг во женска конкуренција, 98-та во Нагано.

Во битката за бронза Велика Британија славеше над Швајцарија со 6-5.