Одбележани 75 години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур
Во касарната во Петровец одбележани 75 години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур. Оддадена почит за неговото дело...

Со полагање цвеќиња пред бистата на народниот херој Страшо Пинџур во касарната во Петровец, единиците на АРМ ги одбележаа патрониот празник и 75 години од неговата смрт. Војниците порачаа дека се должни да ги почитуваат делата на борците кои својот живот го дале за слободна и независна Македонија.
Животот и делото на Страшо Пинџур се длабоко врежани не само во пишаните документи и материјали туку и во свеста и паметењето на македонскиот народ, велат историчарите.
За неговата активност во организирањето на македонскиот народ во борбата против фашистичкиот окупатор, како и за храброто и достоинствено држење во затворот, Страшо Пинџур е меѓу првите револуционери прогласени за народни херои во Македонија на 29-ти јули 1945-та година.
На одбележувањето на годишнината присуствуваа и претставници на Сојузот на борците и претставници на Општина Кавадарци.
Дијана Ценевска
