Украина

„Преодна влада, уставни реформи, парламентарни и претседателски избори„

20.02.2014 18:22

Министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Полска, Лоран Фабиус, Франк Валтер Штајнмаер и Радослав Шикорки на денешниот состанок со украинскиот претседател Виктор Јанукович предложиле план од три точки за решавање на кризата во Украина, јави ДПА. Планот предвидува формирање преодна влада, уставни реформи и парламентарни и претседателски избори.

Според руските медиуми шефовите на дипломатиите на трите земји на Јанукович му предложиле да го намали траењето на неговиот мандатот до крајот на годината.

Според анонимни дипломатски извори на состанокот „се појавиле шанси за компромис, кој се однесува на скратување на мандатот на претседателот и Парламентот, изработка на нов Устав во период од неколку месеци и формирање на нова влада на Украина во текот на неколку дена“.

Се уште не е познато каква била реакцијата на Јанукович на овие предлози.

Состанокот со Јанукович траел пет часа и по него тројцата министри се упатија повторно на состанок со лидерите на опозицијата, со кои разговараа изутрината, по доаѓањето во Киев.

Би-Би-Си јавува дека тоа што учесниците на состанокот не сакале да се обратат до новинарите по средбата може да се протолкува како лош знак.

Портпаролот на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Маја Коцијанчич изјави дека министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска нема да дојдат во Брисел на вонредната седница на шефовите на дипломатиите на ЕУ. Таа додаде дека Кетрин Ештон е во постојан контакт со нив.

- Разговарав повеќе пати во изминатите неколку часа со министрите, кои се во Киев и ќе им го пренесам на нивните колеги тука тоа што ми го кажаа, изјави Ештон по пристигнувањето на вонредниот состанок.

- Ситуацијата е застрашувачка, но може да стане уште полоша, изјави шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт пред почетокот на состанокот и додаде дека со нетрпение ги очекува извештаите на шефовите на дипломатиите на Германија, Франција и Полска.

На состанокот во Брисел, како што беше најавено вчера, најверојатно ќе биде донесена одлука за воведување санкции против припадниците на режимот во Киев. Никој од министрите меѓутоа не сакаше да одговори дали со санкциите ќе биде опфатен и украинскиот претседател, кого ЕУ и САД го сметаат за најодговорен за насилството.

Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во центарот на Киев изминатите два дена загинаа повеќе десетици, а ранети се повеќе стотици лица.