Метео: Сончево за празничниот викенд
05.01.2018 16:26
Температурите во делови од земјата ќе ги надминат просечните вредности за овој период од годината.

Претстојниот празничен викенд во Македонија ќе донесе сончево време со мала облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. По одделни котлини се очекува појава на магла и ниска облачност.
Температурите во делови од земјата ќе ги надминат просечните вредности за овој период од годината. Утре максималната дневна ќе достигне до 15, а во недела и понеделник до 16 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
