Иванов, Шилегов и Мицкоски на божикна литургија во Соборниот храм во Скопје
На литургијата присуствуваа голем број верници меѓу кои и претседателот на државата Ѓорге Иванов, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По завршувањето на литургија тие на граѓаните со православна исповед им го честитаа Божик и им посакаа здравје, радост и среќа, мир и благосостојба.

Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа литургија по повод големиот празник Рождство Христово - Божик со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан.
На литургија присуствуваа голем број верници меѓу кои и претседателот на државата Ѓорге Иванов, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По завршувањето на литургија тие на граѓаните со православна исповед им го честитаа Божик и им посакаа здравје, радост и среќа, мир и благосостојба.
На верниците им го честитам големиот христијански празник Божик со поздравот Христос се роди, Навистина се роди. Се што посакувам за себе и своето семејство посакувам и за сите добро здравје, радост среќа и успеси. Како што сме сплотени, единствени и соплидарни за време на празниците да бидеме такви и во текот на целата година, но најмногу од се, да си ја сакаме, почитуваме и чуваме државата Република Македонија, изјави Иванов. Кај нив годинава паричката се паднала во домот.
