Османи во Атина на средби со Коѕијас и Катругалос
Разговорите се фокусираат на европските прашања од заеднички интерес, односно на градењето на мерките за доверба на двете земји...

Во Атина денеска престојува вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. Предвидени се средби со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и со алтернативниот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос.
Разговорите се фокусираат на европските прашања од заеднички интерес, односно на градењето на мерките за доверба на двете земји. Во пресрет на посетата на Грција, Османи за Независната Балканска новинска агенција изјави дека е можно да се направи обид за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за разликата околу името.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас организираше и мини состанок во грчката влада за договарање на позицијата на Атина во разговорите со официјално Скопје. И натаму грчката позиција е едно име за сите употреби вклучувајќи и географска одредница.
