Во Собранието треба да се гласа за уставни судии и за законот за јазиците
Покрај 27. седница, за денеска се закажани уште пет други, како и седници на Комисијата за политички систем и Законодавно-правната седница.

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 27. седница треба да се изјаснат за предлозите на претседателот Ѓорге Иванов, Осман Кадриу и Дарко Костадиновски да бидат нови уставни судии. На дневен ред на оваа седница е и Предлог законот за употреба на јазиците, во второ читање.
Покрај 27. седница, за денеска се закажани уште пет други, како и седници на Комисијата за политички систем и Законодавно-правната седница.
Се уште нема информација дали пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе се вклучат во работата на Парламентот. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски за денеска најави координација на која ќе се одлучува кои чекори партијата ќе ги преземе во иднина.
