Зимската олимпијада ги затопли односите меѓу Пјонгјанг и Сеул
Северна Кореја со своја репрезентација и делегација на февруарските олимписки игри кај јужниот сосед. Претставниците на двете влади се оптимисти за натамошниот дијалог за состојбата на Корејскиот Полуостров.

Северна Кореја ќе испрати репрезентација на Зимските олимписки игри идниот месец чиј домаќин е нејзиниот јужен сосед. Одлуката е донесена по првата средба меѓу претставниците на двете Кореји одржана во демилитаризираната зона. Спортската репрезентација ќе биде придружувана од навивачка група, поддржувачи и новинари. Претставниците од официјален Сеул повторно предложија да се обединат семејствата кои биле разделени со Корејската војна.
„Целта на разговорите е да се разговара за Зимската олимпијада и учеството на Северна Кореја со своја репрезентација, но и да се подобрат односите меѓу северот и југот. Даваме сè од себе Олимписките игри и Параолимпијадата да бидат мирНИ и успешни настани. Разговорите се позитивен прв чекор“, изјави Чо Мјонг-Гијон, министер за обединување на Јужна Кореја.
Сеул препорача продолжување на дијалогот за воените прашања за да се спречи конфликт на полуОСтровот. Посебен акцент беше ставен на забраната за користење на нуклеарното оружје.
Во меѓувреме, Европската Унија ги прошири санкциите за Северна Кореја поради активностите поврзани со развојот на нуклеарната и ракетната програма. Со нив се опфатени 16 лица и Министерството за национални вооружени сили (МПАФ). Санкциите се однесуваат на замрзнување на имотот и забрана за патување. Од ОН се најавени се и дополнителни рестиктивни мерки во наредниот период за Северна Кореја.
Маја Филдишев
