Макрон во посета на Пекинг

09.01.2018 11:55

Изрази надеж дека првото служебно патување во Пекинг ќе биде чекор кон обновување на билатералните односи...

Францускиот претседател Емануел Макрон е во дводневна посета на Кина. Изрази надеж дека првото служебно патување во Пекинг ќе биде чекор кон обновување на билатералните односи, кои беа неколкупати влошени поради рестрикциите од Пекинг за странските инвестиции и за трговијата.

Макрон порача дека соработката меѓу Европската унија и Кина мора да се зацврсти во иднина.