Политика

ВМРО-ДПМНЕ го продолжува бојкотот

09.01.2018 12:36

Една од причините на ваквиот став на партијата е притворот за шесте пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го продолжува бојкотот на работата на Парламентот. Ова е решено на денешниот координативен состанок на највисоко ниво на партијата за што повеќе информации треба да даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција закажана за 13 часот.

Една од причините на ваквиот став на партијата е притворот за шесте пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Досега се поднесени 16 жалби до Апелацискиот суд во Скопје кои се дадени на мислење во Вишото Јавно обвинителство, но сѐ уште нема одговор за нив. Нема закажани ниту јавни седници на кои треба да се разгледуваат жалбите.

Притворот им беше продолжен на вкупно 23 лица поради настаните од 27-ми април во Собранието.