ССМ: Спроведување на мерките за заштита од аерозагадувањето

09.01.2018 13:20

Синдикатот потсетува дека и МВР треба да ги спроведе и одлуката и контролата на воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила и да се користи обиколницата во Скопје.

Сојузот на синдикатите на Македонија бара почитување на мерките на Владата за заштита од аерозагадувањето. Меѓу нив е и барањето за зголемување на инспекциските контроли на градилиштата и ограничувањето на употребата на службените возила.

Синдикатот потсетува дека и МВР треба да ги спроведе и одлуката и контролата на воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила и да се користи обиколницата во Скопје.

Секоја институција треба да дејствува во својот делокруг- велат во Сојузот на синдикатите.