Скопје

Бесплатен градски превоз сѐ до намалување на загадувањето

09.01.2018 15:03

Владата повторно ги активира мерките за ублажување на последиците од енормно загадениот воздух. Граѓаните го користат градскиот превоз. Тој е бесплатен додека трае аерозагадувањето...

Бесплатни градски автобуси, празни скелиња на градилиштата. Мерката за ублажување на аерозагадувањето активна и денеска. Иако мерните станици повторно покажуваат црвен аларм, сепак, од комодитетот да се возат во сопствен автомобил не се откажаа многу граѓани. Оние кои искористија да стигнат до саканото место гратис, не се уверени дека со оваа мерка ќе се подобри состојбата.

Градските власти со апел- граѓаните без потреба да не користат возила или доколку мораат да ги користат, во автомобилите да се превезуваат повеќе лица. Мерката важи подеднакво и за автобусите на ЈСП и за приватните превозници и ќе трае сѐ до намалување на загаденоста.

Осовен ова, во остатокот од препораките стои- работодавачите да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Да се реорганизира работното време, забраната за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено,  да обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска