Османи: Историска шанса за прашањето за името

09.01.2018 15:20

Османи со своите грчки домаќини констатирале дека има исклучителен напредок во комуникацииите меѓе двете соседни земји.

„2018-та година преставува историска шанаса за надминување на недоразбирањето околу употребата на името на нашата земја. Како политичари кои ја добиле довербата да ги предводат своите граѓани, имаме обврска да покажеме зрелост и сериозност и да не ја пропуштиме оваа шанса.“ За ова информира македоснкиот Секретаријат за евроинтеграции по средбите во Атина на вицепремиерот Бујар Османи со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.

Османи со своите грчки домаќини констатирале дека има исклучителен напредок во комуникацииите меѓе двете соседни земји. Тој најави дека во наредниот период ќе се засилат мерките за градење на доверба во економијата, културата, образованието, екологијата, меѓуграничната соработка, енергетиката и траспортот.