Собраниските седници презакажани за в четврток
Презакажани сите седници на Собранието за в четврток. Причина е немање кворум. Во Законодавниот дом на распоред се наоѓаа Осман Кадриу и Дарко Костадиновски предложени од претседателот Ѓорге Иванов за пополнување на Уставниот суд. Пратениците требаше да дискутираат и за Законот за употреба на јазиците, како и за Законот за работни односи...

Собранието не успеа да ги изгласа Законот за употреба на јазиците и новите уставни судии. Немаше кворум. Во пленарната собраниска сала беа присутни само 52 пратеника, а одлуките се носат со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници, односно за Законот за јазици и за уставните судии се потребни 61 глас „за“. Претседателот на Собранието, Талат Џафери го одложи гласањето за в четврток напладне.
Претресот за Законот за употреба на јазиците и за уставните судии заврши без расправа. Ниту еден од присутните народни избраници не се јави за збор. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што претходно решија, не учествуваа во работата на Собранието.
Инаку, за уставни судии претседателот на државата Ѓорге Иванов, ги предложи Осман Кадриу и Дарко Костадиновски.
Игор Панов
