Рашковски разрешен од позицијата владин претставник во „Телеком“

10.01.2018 10:47

Генералниот секретар на Владата, Рашковски не е веќе претставник во Управниот одбор на „Телеком“, решила Владата на вчерашната седница. Од „Илинденска“ не ги соопштуваат причините за разрешувањето. На истиот владин состанок усвоени измените со кои укажувачите добиваат поголема законска заштита...

На вчерашната владина седница, Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата, е разрешен од бордот на Телеком.

Вчера беа усвоени и измените за Законот за заштита на укажувачите со што се зголемува можноста за пријавување на повеќе дела од организираниот криминал и корупцијата.

Исто така, решено е премиерот Заев да биде назначен за претседател на Советот што ќе раководи со реформите во правосудството.