Земјотрес од 7,6 степени северно од Хондурас, објавена тревога за можно цунами
10.01.2018 10:10
Земјотресот е регистриран во утринските часови, бил на 10 километри под земјината површина.

Силен земјотрес од 7,6 рихтери погоди област во Карипско Море- северно од Хондурас. Објавена е тревога за можно цунами.
Земјотресот е регистриран во утринските часови, бил на 10 километри под земјината површина. Од Пацифичкиот центар за рано предупредување за цунами објавија дека по потресот настанала опасност од формирање на бранови со височина од над еден метар во Порторико и на Американските Девствени Острови.
Во моментов нема податоци за повредени или причинета материјална штета.
