САД ги поздравуваат разговорите меѓу двете Кореи
10.01.2018 11:13
Стејт департментот најави дека ќе бара гаранции од Сеул...

Вашингтон ги поздрави разговорите меѓу Северна Кореја и Јужна Кореја во однос на учеството на Пјонгјанг на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Јужна Кореја.
Стејт департментот најави дека ќе бара гаранции од Сеул дека делегацијата од Пјонгјанг нема да ги наруши санкциите за Северна Кореја од страна на Советот за безбедност на ОН поради нејзините нуклеарни и балистички тестирања.
