Варшава

Смена на министри во Владата на Полска

10.01.2018 12:27

Мини реконструкција на полската Влада. Премиерот Матеуш Моравјецки ги консолидираше владините редови откако Брисел му забележа за реформите во правосудството...

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки разреши неколку министри во Владата на Полска, во време кога Варшава се обидува да ги унапреди односите со Европската унија, кои се затегнати поради обвинувањето од Брисел дека Варшава ги поткопува стандардите за владеење на правото.

Меѓу разрешените се министерот за надворешни работи, Витолд Вашичовски, министерот за одбрана Антонија Мачеревиќ, како и министерката за надворешна средина Јана Шишкоа.

Европската комисија кон крајот на минатата година го покрена членот седум од Лисабонскиот договор против Полска, што би можело да доведе до воведување санкции за Варшава.

„Ројтерс“ пренесува дека Полска, во која пред повеќе од еден месец беше избран нов премиер, од Европската унија ќе добие рок од 3 месеци да ја поправи ситуација, и доколку го стори тоа, одлуката ќе се укине.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер рече дека ја отфрла идејата за прекинување на финансиските фондови за Полска. Пред средбата со новиот премиер Моравјецки рече дека повеќе сака Полска и Европската унија да имаат разумни разговори без употреба на заканувачки гестови.

 

Марина Ристова