Мирни протести во БиХ
Во повеќе градови на Босна и Херцеговина денеска повторно се оддржаа мирни протести на граѓаните, незадоволни од нивниот животен стандард и од однесувањето и работата на политичарите, пренесе Танјуг.

Пред зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина во Сараево, која беше запалена на почетокот на протестите на 7 февруари, и денеска се собраа неколку десетици најупорни граѓани.
И покрај тоа што нивниот број веќе неколку дена не надминува стотина лица, тие како и во претходните денови на неколку часа го блокираа движењето по улицата на која се наоѓа Претседателството.
Демонстрантите разделија летоци наменети за оние граѓани кои уште молчат, со покана да се приклучат кон демонстрантите.
„Сите сме измамени, ограбени, лишени од правата и понижени. Излезте сите на улица, затоа што само така можеме коренито да го промениме ова општество. Ви благодариме за трпението, кое го покажавте при секојдневните блокади на улиците во центарот на градот. Ви благодариме и за моралната поддршка. За жал, тоа не е доволно“, пишува на флаерите, чија соддржина ја објавува весникот „Дневни аваз“.
Мирни протести се оддржаа и во Витез, Бугојно, Орашје, Зеница, Мостар, Сански Мост и Бихаќ.
Протестите ќе продолжат утре и во следните денови, а за сабота е предвидено помасово собирање, ако не се постигне значителен напредок кон прифаќањена барањата на граѓаните.
