Каталонија: Договор за враќање на Пуџдемон на лидерската позиција
10.01.2018 13:35
Шпанските медиуми тврдат дека лидерот на политичката платформа „Заедно за Каталонија“ го постигнал договорот на заедничка вечера во Брисел со „Републиканската левица“.

Најважните каталонски политички партии кои се залагаат за независност постигнале договор повторно да го изберат Карлес Пуџдемон за регионален лидер.
Шпанските медиуми тврдат дека лидерот на политичката платформа „Заедно за Каталонија“ го постигнал договорот на заедничка вечера во Брисел со „Републиканската левица“.
Седницата на новиот каталонски Парламент е закажана за 17-ти јануари.
