Дебата

Следењето на комуникациите под строг надзор

10.01.2018 15:14

Предложениот модел за воспоставување Оперативно техничка агенција (ОТА) за следење на комуникациите е избрзан и не овозможува заштита од политичка злоупотреба- став на дел од невладиниот сектор. Експерти пак мислат дека се нарушува приватноста на граѓаните. На Предлог- законот му претходеа длабински анализи под менторство на Брисел, велат од МВР. Како гаранција за ОТА се посочува надзорот...

Се вжештува атмосферата пред донесувањето на Законот за следење на комуникациите. Спротивставени гледишта на невладиниот сектор и МВР.

Според професорот Калајџиев, сѐ уште нема реформирана служба, која подразбира професионалност, интегритет и доверба. Вели, ОТА е голем трошок и не треба да се формира. Професорот Арнаудовски, пак, смета дека собраниската Комисија за контрола досега се покажа како ефикасен модел, но неопходно е унапредување.

Експертите лоцираат пропусти во делот на добивањето безбедносен сертификат. Според Александар Нацев од Центарот за безбедносни истражувања, се нарушува приватноста на граѓаните.

Професорот Трпе Стојановски со став- кога се чепка во безбедносната сфера, треба да се работи внимателно за да не се носат брзи решенија.

На Предлог- законот му претходеле длабински анализи под менторство на ЕУ, а биле вклучени сите надлежите институции, велат од МВР.

Како гаранција за ОТА се посочува надзорот. Сега законот е во рацете на пратениците.

 

Наташа Гркова- Петрушевска