Шилегов: Ќе се чистат неколку улици во Чаир
Секој од нас, ние како инситуции и граѓаните треба на свој начин да дадеме придонес со цел да ја подобриме состојбата на амбиенталниот воздух во Скопје- вели градоначалникот Шилегов...

Ќе се чистат неколку улици во скопски Чаир како дел од заштитата на животната средина. Аерозагадувањето е предизвик со кој ќе се соочуваме секојдневно- вели градоначалникот на Скопје, Шилегов.
Секој од нас, ние како инситуции и граѓаните треба на свој начин да дадеме придонес со цел да ја подобриме состојбата на амбиенталниот воздух во Скопје. Во оваа акција јавните претпријатија на Град Скопје учествуваат со целокупниот човечки и технички потенцијал кој го имаат и ќе трае се додека временските прилики ни дозволуваат да ја извршуваме оваа активност, независно од тоа дали во меѓувреме ќе бидат укинати алтернативните мерки, рече Шилегов.
Шилегов потенцира дека алтернативните мерки ќе траат се додека не добијат друго упатство од Министерството за животна средина и просторно планирање.
