Трамп ќе учестува на економскиот форум во Давос
Белата куќа соопшти дека амеканскиот претседател Доналд Трамп ќе учестува на економскиот форум во Давос, како прв американски претседател кој по две децении ќе го посети овој светски форум на деловната елита, и ќе ја пренесе својата стратегија- како тој го гледа развојот на Америка и на светот.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој на изборите минатата година победи со платформата „Америка на прво место“, ќе се појави на годишниот форум на глобализмот во Швајцарија, со намера да ја претстави својата стратегија за развој на светската економија.
„На претседателот ќе му биде задоволство да ја презентира својата агенда на овој светски собир. Тој нетрпеливо го очекува форумот каде што на светските лидери ќе им ја пренесе пораката за јакнење на американските фирми и на индустријата“, изјави Сара Сандерс, портпарол на Белата куќа.
Во својот годишен извештај што треба да го претстави пред американскиот Конгрес, Трамп ја изнесе стратегијата на амеирканската и воена моќ во рамките на „Америка на прво место“.
„Нашата стратегија е да го унапредиме американското влијание во светот. Меѓутоа, тоа почнува со изградба на богатсвото и моќта, прво дома. Америка повторно ќе биде лидер, не сакаме да го наметнуваме нашиот начин на живот, но без отстапки ќе ги браниме нашите вредности“, вели американскиот претседател Доналд Трамп.
Според експертите за глобалните движења, самитот во Давос е некомпатибилен со политиката на Трамп, и затоа ќе биде нејасно како приврзаниците на поредокот на глобалните правила ќе реагираат на сфаќањето на американскиот претседател за трговијата според правилото „Америка на прво место“.
Откако Трамп ја презеде должноста претседател минатата година, тој поништи или побара повторно да се договорат низа трговски договори кои ја поддржуваат глобалната трговија. Инаку американските претседатели редовно го избегнуваат форумот во Давос, бидејќи не сакаат да се поистоветат со сликата политиката и богатсвота што Давос го опкружуваше.
Само Бил Клинтон во 2000-та година беше прусутен таму, Роналд Реган преку видеоврска, Буш постариот и помладиот, како и Барак Обама никогаш не се појавија во Давос.
Форумот во Давос ќе се одржи од 23-ти до 26-ти јануари, и според највата, овој пат ќе се разговара за изградбата на заедничката иднина во поделениот свет.
Мирјана Василева
