Караџовски тврди дека изнел личен став на минатонеделната прес-конференција
Претходно, членови на советот изразија несогласување со него.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски преку соопштение до јавноста извести дека на минатонеделната прес-конференција, кога говореше за реформите во правосудството, Специјалното обвинителство и за АКМИС-системот, изнел лични ставови.
Претходно, членови на советот изразија несогласување со него. Караџовски, меѓудругото, рече дека ќе се залага за подобрување на условите за работа за судиите и судските работници, за зголемување на нивните плати, изјави дека СЈО како дел од Јавното обвинителство треба да се внесе што поскоро, а не од 2019 година.
За извештајот на работната група при Министерството за правда за проверка на АКМИС-системот, Караџивски рече дека е дискутабилно дали треба да има назнака „Строго доверливо“.
