Калифорнија: Се зголемува бројот на жртвите во свлечиштата

11.01.2018 11:26

Над 100 објекти се целосно уништени, а штета е предизвикана на уште 300.

Потрагата по исчезнатите луѓе во свлечиштата во Калифорнија продолжува. Досега се пронајдени тела на 17 лица, а голем дел од хоспитализирините се во критична состојба.

Над 100 објекти се целосно уништени, а штета е предизвикана  на уште 300.

Поројните дождови и свлечиштата предизвикаа блокади на сообраќајот.