Османи: Постои консензус терминот Македонија да се најде во која било варијанта за решавање на спорот

11.01.2018 11:37

Тој нагласи дека грчките власти прифаќаат име во кое би бил содржан терминот Македонија. Не сакајќи отворено да зборува за можните решенија во моментов, Османи нагласил дека во интерес на целиот процес за конечно решавање на спорот е да не се лицитира со имиња.

Во моментов постои консензус терминот Македонија да се најде во која било варијанта за решавање на спорот за името со Грција, изјави синоќа вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во интервју за телевизија „24 Вести“.

Тој нагласи дека грчките власти прифаќаат име во кое би бил содржан терминот Македонија. Не сакајќи отворено да зборува за можните решенија во моментов, Османи нагласил дека во интерес на целиот процес за конечно решавање на спорот е да не се лицитира со имиња.

Османи со став дека двете држави се обидуваат да пронајдат прифатливо решение кое нема, како што рече, да удира врз најчувствителните вредности на двете општества.