Собрание на РМ

Измените на Законот за пушење на седница на Комисијата за здравство

11.01.2018 11:46

Пратеникот Томислав Тунтев на јавна расправа во Собранието минатиот месец образложи дека не станува збор за дозволување на пушењето таму каде што е забрането или скратување на правата на непушачите, ниту за легализација на диви објекти.

Собраниската комисија за здравство денеска ќе одржи седница на која на дневен ред е Предлог- законот за изменување на Законот за заштита од пушењето, по скратена постапка- второ читање, поднесен од пратеници на СДСМ и ДУИ.

Целта е бришење на дел од еден став од Законот, кој го дефинира просторот за пушење надвор од угостителскиот објект. Пратеникот Томислав Тунтев на јавна расправа во Собранието минатиот месец образложи дека не станува збор за дозволување на пушењето таму каде што е забрането или скратување на правата на непушачите, ниту за легализација на диви објекти.

Според податоците, 640 илјади луѓе во Македонија или 37 насто се пушачи. Македонските граѓани се трети во светот според број на испушени цигари годишно. Законот за заштита од пушење беше донесен во 1995-та и е менуван и дополнуван дури осум пати.