Втор состанок на Европската служба за надворешни работи со политичките директори на земјите од Западен Балкан

11.01.2018 11:49

На состанокот се разменуваат мислења за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ...

Вториот состанок на Европската служба за надворешни работи со политичките директори на шесте земји од Западен Балкан се одржува денеска во Скопје. Домаќин на состанокот е државниот секретар во министерството за надворешни работи, Виктор Димовски.

На состанокот се разменуваат мислења за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и актуелната ситуација и развојот на настаните во регионот и пошироко.