Трамп: Можно е да се вратиме на Парискиот климатски договор

11.01.2018 12:00

Трамп лани образложи дека спроведувањето на договорот ќе затвори илјадници работни места во индустријата и ќе го намали производството во многу сектори.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави  дека Вашингтон може повторно да се вклучи во Климатскиот договор од Париз, под услов да се подобрат условите кон САД: Критики упати до неговиот претходник Барак Обама кој, како што вели, склучил „лоша и неправедна спогодба“ во однос на финансиските трошоци.

Трамп лани образложи дека спроведувањето на договорот ќе затвори илјадници работни места во индустријата и ќе го намали производството во многу сектори.

Парискиот договор е потпишан од речиси 200 држави и неговата целе драстично да се забави глобалното затоплување. САД се заложија до 2025 година да ги намалат емисиите до 28 проценти од нивоата од 2005 година.

Кина во моментов е најголем емитувач на јаглерод во светот, а САД се веднаш зад неа.