Ердоган бара тет-а-тет средба со Меркел

11.01.2018 12:12

Состанокот веројатно би се случил по преговорите за формирање нова германска влада или доколку Ердоган одлучи да отпатува во Германија.

„Претседателот Реџеп Тајип Ердоган сака лична средба со германската канцеларка Ангела Меркел за да се поправат билатералните односи“, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на средба со германски новинари.

Состанокот веројатно би се случил по преговорите за формирање нова германска влада или доколку Ердоган одлучи да отпатува во Германија.

Релацијата Анкара- Берлин беше нарушена по обидот за преварат во 2016 година.