Ексклузивно:МРТ го објави името на претставникот за Евросонг - Данска 2014

29.08.2013 13:43

Македонската Радио Телевизија како членка на Европаската Радиодифузна Унија, донесе одлука со која се дефинира учеството на Македонија на претстојното 59-то издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа – ИЗБОР ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА кој ќе се одржи од 6 - 10 мај 2014, во Данска

Македонската Радио Телевизија како членка на Европаската Радиодифузна Унија, донесе одлука со која се дефинира  учеството на Македонија  на претстојното 59-то издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа – ИЗБОР ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА  кој ќе се одржи од  6 - 10 мај 2014, во Данска. 
 
Како рамноправна и официјална членка на ЕБУ, МРТ ги има комплетните ингеренции за начинот на избор, односно определување на национален претставник на овој музички спектакл. 
 
Во средата на 28 август, во Дневникот 1 на Македонската Телевизија и официјално беше објавена одлуката на  МРТ ,оваа година, на овој престижен и реномиран музички натпревар, честа за претставување на Јавниот национален радиодифузен сервис и Македонија, да и се довери на македонската, но и на една од најталентираните балкански афирмирани  интерпретаторски ѕвезди – Тијана  Дапчевиќ. 
 
МРТ не се сомнева дека со изборот на Тијана за македонски претставник на Евросонг 2014, ќе се добие комплетен и ефектен “евровизиски музички пакет” – спој на атрактивност, автентичност и талент во контекст на достојното представување на Македонија пред европската и светска  културна јавност .
 
Тијана  зад себе има богата музичка  биографија како интерпретатор и инструменталист, позната и призната  не само во Македонија туку и на Балканската музичка сцена.  Нејзината соработка со врвни авторски имиња од балканското музичко миље, истенченото чувство за сценски перформанс , маркантниот и оригинален  артизам, и овозможија низа на хит рефрени  кои се слушани и препознатливи не само кај македонската, туку и кај балканската публика и пошироко.
 
Македонската Радио Телевизија смета дека изборот на Тијана, во комбинација со соодветна евровизиска  композиција која ќе се добие по принцип на нарачка од етаблирани авторски имиња, како и интерениот избор на една од нив, ќе се добие комплетен производ кој ќе ја потврди евровизиската формула за успех.
 
Сите подетални информации, како и официјалното претставување на композицијата со која Македонија ќе се натпреварува во Данска 2014, ќе бидат претставени  на Македонската телевизија и  пред македонската јавност  во периодот што следува.