Балкан
Косово води во бројот на изречени казни за учество во војната во Сирија и Ирак
11.01.2018 12:28
Податоците ги објави Советот за регионална соработка кој се занимава со источноевропските земји аспиранти за членство во ЕУ.

Во рамките на Балканот, Косово води во бројот на изречени казни за учесниците во странски војни, поточно во Сирија и Ирак. Податоците ги објави Советот за регионална соработка кој се занимава со источноевропските земји аспиранти за членство во ЕУ.
Најголем прилив на граѓани од Балканот кон Сирија и Ирак е регистриран во 2012 година.
„Косово, Албанија, Македонија и Босна и Херцеговина се соочуваат со големи предизвици во борбата против тероризмот и насилниот екстремизампоради што овие земји биле принудени да подготват државни стратегии за борба против оваа појава“, се вели во извештајот.
