Измените на Законот за пушење проследени на пленарна седница во Собранието
Целта на измените е бришење на дел од еден став од законот кој го дефинира просторот за пушење надвор од угостителскиот објект.

Со четири гласа „воздржан“ и два „против“, собраниската Комисија за здравство го проследи на понатамошна постапка, на пленарна седница во Собранието, Предлог- законот за изменување на Законот за пушење. Целта на измените е бришење на дел од еден став од законот кој го дефинира просторот за пушење надвор од угостителскиот објект.
Угостителите и лекарите на јавна расправа во декември разменија различни ставови во однос на предлогот. Лекарите сметаат дека со сегашниот закон е постигнато значително намалување на пушењето кај младите, додека за угостителите законот треба да биде балансиран и за пушачите и за непушачите.
Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка, поднесен е од пратениците на СДСМ и ДУИ.
