Агенција за лекови

Откриен фалсификуван лек во повеќе пакувања, поднесена пријава до Обвинителството

11.01.2018 13:04

Освен дека лекот не бил пуштен во продажба, од Агенцијата за лекови не откриваат за кој лек станува збор.

Неколку месеци трае постапката во Јавното обвинителство за 28-те пакувања од еден фалсификуван лек кој го откри Агенцијата за лекови. Освен дека лекот не бил пуштен во продажба, не откриваат за кој лек станува збор.

„Инспекциските служби открија пакување од еден лек. За тие лекови подоцна, во соодветна лабараторија се докажа дека се фалсификат, и тие не се пуштени во промет. Поднесена е пријава до Обвинителството“, информира директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Роберт Бекироски.

Од Агенцијата за лекови информираат дека во наредниот период ќе се менува Законот за паралелен увоз на лекови и на тој начин ќе се обезбеди поголема сигурност во квалитетот на увезените лекови во земјава.