ВМРО-ДПМНЕ: Конструираниот случај мора да запре
Десетици неправедно и неосновано осомничени патриоти се наоѓаат во притвор поради неаргументирани барања на Основното јавно обвинителство. Тие се жртва на политичката инквизиција која ѝ се случува на Република Македонија.

Конструираниот случај против десетици невини луѓе за фабрикуваното дело тероризам мора да запре, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Десетици неправедно и неосновано осомничени патриоти се наоѓаат во притвор поради неаргументирани барања на Основното јавно обвинителство. Тие се жртва на политичката инквизиција која ѝ се случува на Република Македонија.
Правосудните органи мора да се ослободат од стегите и притисокот и своите одлуки да ги донесуваат исклучиво согласно со позитивните законски норми.
Независното судство е право на граѓаните кое не смее да им биде скратено, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
