Собранието го донесе Законот за употреба на јазиците
Дебатата за законот за јазизици во Собранието почна на 5-ти септември минатата година во собраниската Комисија за европски прашања, а парламентарното мнозинство ја усвои потребата од негово носење на 15-ти ноември лани.

Собранието на Република Македонија денеска со 69 гласа „за“ го донесе Законот за употреба на јазиците. Законот беше изгласан и со двојно мнозинство, односно за него гласаа 27 пратеници од немнозинските заедници, а еден беше воздржан. Законот е донесен без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не учествуваат во работата на Собранието.
Дебатата за законот за јазизици во Собранието почна на 5-ти септември минатата година во собраниската Комисија за европски прашања, а парламентарното мнозинство ја усвои потребата од негово носење на 15-ти ноември лани.
Против законот беше опозициската ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека е неуставен и дискриминаторски во однос на македонскиот јазик и останатите јазици на кои говорат граѓаните во Македонија. Против законот се изјасни и претседателот Ѓорге Иванов во годишното обраќање пред Собранието.
