Истрагата за фалсификуваниот лек трае неколку месеци, одговорност сѐ уште нема
Неколку месеци трае постапката во Јавното обвинителство за 28-те пакувања од еден фалсификуван лек кој го откри Агенцијата за лекови. Од Агенцијата информираа дека во наредниот период ќе се менува Законот за паралелен увоз на лекови и на тој начин ќе се обезбеди поголема сигурност во квалитетот на увезените лекови во земјава.

Неколку месеци трае истрагата во Јавното обвинителство за фасификуван лек, одговорност сѐ уште нема. Инспекторите откриле дека бил ставен во 28 пакувања, но не бил пуштен во продажба. Засега, во интерес на постапката, Агенцијата за лекови не откриваат повеќе детали за случајот.
За два месеци, стотина граѓани се пожалиле на несакани ефекти од лекови кои земале. Директорот на Агенцијата најави зајакнати инспекциски надзори, особено за инсулините, за кои има и најмногу сомнежи.
Во меѓувреме, во собраниска процедура се измените на Законот за паралелен увоз на лекови што треба да обезбеди поголема контрола на квалитетот.
Изминативе месеци сите инсулини донесени со паралелен увоз на лекови биле испитани во референтни лаборатории. Според директорот Бекировски, терапијата е безбедна за дијабетичарите.
Андријана Атанасовска
