Богоевски ги наклеветил Ахмети и Џафери во случајот „Маѓар телеком“
Одлуката денеска ја објави Основниот суд Скопје 2 на својата интернет страница. Во одлуката се наведува дека Богоевски е одговорен за клевета кон Ахмети и Џафери, но нема да им исплати материјална штета бидејќи тие го повлекле барањето.

Основниот суд Скопје 2 ја прифати тужбата на Али Ахмети и Муса Џафери против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски, дека ги наклеветил оти примиле мито од „Маѓар телеком“.
Одлуката денеска ја објави Основниот суд Скопје 2 на својата интернет страница. Во одлуката се наведува дека Богоевски е одговорен за клевета кон Ахмети и Џафери, но нема да им исплати материјална штета бидејќи тие го повлекле барањето.
Богоевски пред судот во Њујорк во постапката која се водеше против тројца поранешни менаџери на „Маѓар телеком“, изјавил дека двајцата високи функционери од ДУИ примиле мито од по 2,5 милиони евра.
