Нема повреда на Законот за основно образование со Бадникарските поворки
11.01.2018 17:04
Заклучено е дека во ниту едно училиште нема повреда на Законот за основно образование, бидејќи не биле констатирани подготовка и план за верската прослава, немало претставка, ниту поплака од родители на деца.

Државниот просветен инспекторат утврди дека нема повреда на Законот за основно образование со Бадникарските поворки. Оттаму велат дека е извршен надзор и добиле записници од 162 училишта од повеќе градови низ Македонија.
Заклучено е дека во ниту едно училиште нема повреда на Законот за основно образование, бидејќи не биле констатирани подготовка и план за верската прослава, немало претставка, ниту поплака од родители на деца.
Претходно, детската амбасата „Меѓаши“ реагираше поради учеството на Бадникарските поворки.
