Пријавување ново производство на тутун
Од први февруари почнува пријавувањето на новото производство на тутун за 2018-та. Секој земјоделец кој има намера годинава да ја одгледува оваа култура, мора да има евидентен лист кој ќе се користи за откупот за склучување на договор со монополите...

Пред да склучат договори за откуп, најдоцна до 31-ви март, тутунарите мораат да го пријават новото производство за оваа година. Пријавувањето се врши во Министерството за земјоделство, односно подрачните единици каде што е местото на живеењето на производителот независно каде се наоѓаат површините со тутун.
Земјоделците треба да добијат евидентен лист за производство со сите катастарски парцели на кои ќе садат тутун, според типови и количества и кои ќе се внесуваат во регистерот на земјоделските стопанства.
Досега од ланската реколта се откупени повеќе од 18 илјади тони тутун, со просечна цена од 209 денари за килограм.
Според Законот, преземањето на тутунот мора да заврши најдоцна до 15-ти март иако годинава може заврши и еден месец порано.
Методија Трајков
