Десет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

12.01.2018 10:29

Со полагање свежи цвеќиња на спомен обележјето, Министерството за одбрана и АРМ ќе им оддадат почит на трагично загинатите припадници на воздухопловните сили.

Десет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, во која загинаа 11 припадници на воздухопловната бригада на АРМ.

Со полагање свежи цвеќиња на спомен обележјето, Министерството за одбрана и АРМ ќе им оддадат почит на трагично загинатите припадници на воздухопловните сили.

Свежи цвеќиња ќе бидат положени и на спомен обележјето пред командата на мисијата „Алтеа“ во Сараево, како и на споменикот пред командата на бригадата во Петровец.