Реформите за следење на комуникациите на собраниска комисија

12.01.2018 10:53

Собраниското тело за одбрана и безбедност ќе ги разгледува предлог- законите за полиција и за внатрешни работи, како и законското решение за Оперативно техничката агенција.

Во Собранието на Република Македонија најавени се седници на седум парламентарни комисии. Собраниското тело за одбрана и безбедност ќе ги разгледува предлог- законите за полиција и за внатрешни работи, како и законското решение за Оперативно техничката агенција.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледува Законот за електронски комуникации во прво читање, и неколку други законски текстови.

Закажани се и комисии за за надворешна политика, за труд и социјална политика, за финансирање и буџет, законодавно- правната комисија.

На комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, ќе се разгледува предлог законот за амнестија.