Приведен еден од осомничените за собраниските настани кој се бараше со меѓународна потерница
12.01.2018 12:40
Според полициски извори Додевски се криел во внатрешноста на земјава, а наводно бил приведен пред ресторан во Скопје.

Полицијата синоќа го привела Младен Додевски, еден од осомничените за насилствата во Собранието на 27-ми април, кој се бараше со меѓународна потерница.
Според полициски извори Додевски се криел во внатрешноста на земјава, а наводно бил приведен пред ресторан во Скопје.
Со потерницата покрај Додевски се бараат и уште четири други лица.
