Заев ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос
12.01.2018 12:46
Светскиот економски форум е меѓународна организација која на светско ниво работи за воспоставување модел на корпоративно управување во кој вредностите се почитуваат еднакво како и правилата.

Претседателот на Владата, Зоран Заев со владина делегација, на 25-ти и 26-ти јануари, ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Светскиот економски форум е меѓународна организација која на светско ниво работи за воспоставување модел на корпоративно управување во кој вредностите се почитуваат еднакво како и правилата.
Годинашната тема на форумот е креирање заедничка иднина во поделениот свет.
